В.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, најави почеток на реализирање на нов проект. Имено, тој информираше дека дел од плочниците покрај булеварот „Видое Смилевски – Бато“ во Ново Лисиче ќе добијат нов лик.
– Ќе се изградат нови патеки, тротоари, пристапи чија површина ќе изнесува 1.400 квадратни метри. Работиме секојдневно во интерес на граѓаните – напиша Митески на „Фејсбук“.