Пливањето на плажа во Франција е забрането поради присуство на токсични алги – затворена е за посетители

132

Пливањето на плажата Порт-Вје во Бијариц е забрането поради присуство на токсични микроалги од видот „Ostreopsis ovata“, објавија Регионалната здравствена агенција (ARS) и Заедницата на агломерации на Баскија.

Плажата е затворена од четврток, откако е забележано нагло зголемување на концентрацијата на овие алги во водата, пишува францускиот „BFM“, пренесува „Танјуг“.

Иако некои пливачи и сурфери пријавиле поблаги симптоми како што се респираторна иритација и симптоми слични на грип, не се регистрирани сериозни случаи, соопштија властите.

Микроалгите „Ostreopsis ovata“ се познати во регионот веќе неколку години, а нивното појавување на баскискиот брег е поврзано со климатските промени и затоплувањето на океанот, проценија научниците.

Истражувачка програма започната во 2024 година со цел да се развијат протоколи и прописи за предупредување продолжува на девет крајбрежни локации во Баскија.

Во моментов не постои официјален регулаторен праг за присуство на оваа микроалга. Пливањето и водните спортови на плажата Порт-Вие се забранети до понатамошно известување.

ИЗДВОЕНИ