Финалето на 100 метри за жени ќе биде главниот настан на првиот ден од натпреварувањето на Олимписките игри во Лос Анџелес 2028, објавија организаторите. Тие објавија ревидиран распоред кој ја поместува атлетската трка во првата недела и им дава на пливачите ретка можност да присуствуваат на церемонијата на отворање. Организаторите на Игрите во Лос Анџелес изјавија дека промената се должи на логистиката на местото на одржување на стадионот СоФи, кој ќе биде домаќин на делови од церемонијата на отворање и пливачките натпревари.

Атлетските натпревари ќе се одржат во Меморијалниот колосеум во Лос Анџелес во првата недела, така што СоФи може да се претвори во место за водни настани во втората недела.

-Сакаме жестоко да ги отвориме Игрите, порача Шана Фергусон, раководител на спортската организација на ЛА28, која ја нарече женската трка на 100 метри „една од најгледаните трки на Игрите“.

Џанет Еванс, четирикратната олимписка шампионка во пливање, додаде дека поместувањето на пливањето во втората недела би можело да им овозможи на повеќе пливачи да се приклучат на церемонијата на отворање, која многумина обично ја прескокнуваат бидејќи натпреварувањето започнува следниот ден наутро.

  • Постои компонента на олимписко искуство што сакаме спортистите да ја имаат на нашите Игри, рече Еванс, која е главен спортски директор на ЛА28.

Фергусон додаде дека распоредот е развиен со месеци во консултација со Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и меѓународните федерации, земајќи ја предвид благосостојбата на спортистите, телевизиските распореди и локалните услови како што се топлината, плимата и сонцето за настани на отворено.

  • Временските услови не беа земени в предвид само за спортистите, туку и за навивачите, рече таа, додавајќи дека е земена в предвид и благосостојбата на коњите што се натпреваруваат во коњички настани.

Фергусон исто така истакна дека ЛА28 планира да продаде околу 14 милиони билети за 51 олимписки спорт на 49 места, а јавната продажба се очекува да започне во април 2026 година откако ќе се отвори регистрацијата во јануари.

ИЗДВОЕНИ