Пливач исчезна за време на традиционална трка во Босфорот

40

29-годишен руски пливач исчезна во неделата за време на традиционалното годишно пливање низ Босфорскиот теснец, соопшти Турскиот олимписки комитет, организатор на Интерконтиненталната пливачка трка во Босфор.

Рускиот пливач се натпреваруваше на 37 издание на популарната трка во должина од 6,5 километри, која е предизвик за натпреварувачите поради силните струи низ теснецот помеѓу Азија и Европа. Учествуваа повеќе од 2.800 пливачи од 81 земја.

„Тесно соработуваме со крајбрежната стража и полицијата за да го расветлиме овој инцидент“, се вели во соопштението на Турскиот олимписки комитет (TMOK).

„Трката завршува два часа откако последниот пливач ќе влезе во водата. На крајот, целата патека беше проверена и беше утврдено дека нема повеќе пливачи во водата.“

Бродскиот и товарниот сообраќај беа во прекин за време на трката.

Босфорот го поврзува Црното Море со Мраморното Море, а преку Дарданелите со Егејското и Средоземното Море.

ИЗДВОЕНИ