Племе од Амазон го тужи „Њујорк тајмс“ поради исмевање на нивната младина

274
Во тужбата за клевета пишува дека извештајот на американскиот медиум го прикажал племето Марубо како „непособно да излезе на крај со изложеноста на интернетот“, како и дека младината станала „опседната со порнографија“.
Тужби се поднесени против „Њујорк тајмс“ и „Јаху“, бидејќи нивните вести „ја исмевале младината“ на племето и за „погрешно претставување на нивната традиција“.
Во извештајот пишува дека кој било член на племето е зависен од порнографија, велат од „Њујорк тајмс“.
Племето Марубо, заедница од околу 2.000 луѓе, бара најмалку 180.000 милион отштета.
Сторијата на „Њујорк тајмс“ ја напишал новинар девет месеци откако племето добило пристап до Старлинк- сателитскиот интернет на компанијата „СпејсЕкс“ на Илон Маск.
Во извештајот пишува дека племето се соочува со истите предизвици како и американските домаќинства, како „тинејџери приковани за телефони“, „насилство во видео игри“ и „малолетници кои гледаат порнографија“.
Опишана е и приказна на еден од водачите на племето, кој јавно се противи на интернетот.
Тој бил вознемирен поради порнографијата и зборувал за „агресивно секскуално однесување“ на младите мажи, пишува во извештајот.

Текстот зборува и за позитивните ефекти на интернетот во заедницата, како можноста да се алармираат надлежните служби во случај на здравствени проблеми, еколошко уништување и да се одржува контакт со семејството кое живее далеку.

Во тужбата се тврдио дека други медиуми сензационалистички го пренесувале овој текст, како и насловот кој јасно укажувал на зависноста од порнографија.

„Не, едно оддалечено амазонско племе не стана зависно од порнографија“.

Таму пишува и дека повеќе од 100 сајтови во светот ги објавиле насловите кои лажно тврдат дека луѓето од племето марубо станале зависни од порнографија.

Меѓутоа, оригиналната сторија на „Њујорк тајмс“ сепак „го прикажа Марубо како заедница која не умее да се избори со изложеноста на интернетот и ги обвини дека нивната младина е обземена со порнографија“, стои во тужбата.

Именуваните тужители, лидерот на заедницата Еноке Марубо и бразилската активистка Флора Дутра, кои помогнаа да се обезбедат 20 антени „Старлинк“ во вредност од 15.000 долари за племето, тврдат дека сторијата на „Њујорк тајмс“ предизвикала „глобална медиумска бура“.

Тие велат дека биле подложени на „понижување, вознемирување и непоправлива штета на нивниот углед и безбедност“.

Приказната беше придружена со видео од Марубо и Дутра како ги споделуваат антените, за кои велат дека „создале непогрешлив впечаток дека тие се оние кои внеле штетна, сексуално експлицитна содржина во заедницата и го поттикнале наводниот морален и социјален пад“.

Портпарол на „Њујорк тајмс“ изјави дека ќе ја бранат тужбата на суд.

„Секое објективно читање на овој текст покажува дека станува збор за чувствително и нијансирано истражување на придобивките и компликациите од новата технологија во оддалечено домородно село со горда историја и зачувана култура“, рече тој.

ИЗДВОЕНИ