вторник, јануари 27, 2026
Дома МАГАЗИН Платформите „Мета“, „Тикток“ и „Јутјуб“ на суд поради нарушување на менталното здравје...

Платформите „Мета“, „Тикток“ и „Јутјуб“ на суд поради нарушување на менталното здравје на младите

24
pexels

Оваа недела во Лос Анџелес започнува судење против „Мета“, „ТикТок“ и „Јутјуб“ поради обвинувањата дека нивните платформи се намерно дизајнирани да предизвикаат зависност кај децата и адолесцентите.

Ова е прв пат порота да одлучи за одговорноста на технолошките гиганти, што правните експерти веќе го споредуваат со историските судења против тутунската индустрија во 1990-тите.

Атмосферата во судницата е дополнително напната по веста дека „Снеп“, сопственикот на популарната апликација „Снепчет“, минатата недела се согласил на вонсудска спогодба и платил неоткриена сума пари за да избегне јавно судење.

Во центарот на вниманието е случајот на 19-годишна девојка идентификувана само со иницијалите „KGM“, која тврди дека Инстаграм и другите мрежи ја вовлекле во деструктивни обрасци на однесување.

Според тужбата, алгоритмите намерно ја изложувале на содржини уште од рана возраст, што ја влошило нејзината депресија и довело до самоубиствени мисли, објавува ABC News.

Овој процес би можел да постави преседан чиј исход ќе ја одреди судбината на илјадници слични тужби од родители и млади луѓе низ САД.

ИЗДВОЕНИ