вторник, февруари 3, 2026
Дома СВЕТ Платформата Икс на Макс под истрага во Франција: Обвинителството врши претрес во...

Платформата Икс на Макс под истрага во Франција: Обвинителството врши претрес во неговите канцеларии

9
epa11957034 Tesla CEO and Senior Advisor to the President of the United States Elon Musk listens as US President Donald Trump speaks in front of Tesla vehicles at the White House in Washington, D.C.USA, 11 March 2025. President Trump has said he will buy a Tesla to support Tesla and Elon Musk after recent attacks on Tesla charging stations and calls for boycotts of Tesla products. EPA-EFE/SAMUEL CORUM / POOL

Француското обвинителство денеска соопшти дека се спроведува претрес во француската канцеларија на платформата X, во сопственост на американскиот милијардер Илон Маск, во рамки на истрага покрената уште во јануари 2025 година.

Според соопштението на Обвинителството во Париз, претресот го спроведуваат специјализирани оддели за сајбер-криминал, со учество и на Европол, јави француската телевизија BFM.

Истрага по пријава на пратеник
Како што пренесува France Info, париското обвинителство го испитува функционирањето на платформата X од почетокот на 2025 година, по пријава поднесена на 12 јануари 2025 година од францускиот пратеник Ерик Боторел.

Иако правното лице одговорно за платформата X е регистрирано во Ирска, француската подружница „X France“ е задолжена исклучиво за комуникација и јавни работи, што ја прави предмет на истражни активности на француските власти.

Повеќекратни истраги во Франција и ЕУ
Платформата X веќе се наоѓа под неколку истраги во Франција и на европско ниво. Во јануари, француското регулаторно тело за аудиовизуелни и дигитални комуникации Arcom поднесе жалби до Европската комисија, обвинувајќи ја платформата за манипулација со алгоритмите за препораки.

Покрај тоа, Европската комисија уште од декември 2023 година води постапка за можно кршење на Законот за дигитални услуги (DSA) на Европската унија, особено во делот што се однесува на борбата против дезинформации. Заклучоците од оваа истрага се очекуваат во наредните недели.

Share this:

ИЗДВОЕНИ