Тимот на Нафес Колиер победи на ол-стар кошаркарскиот натпревар што се одржа во ВНБА-лигата. Тој славеше над Кејтлин Кларк со 151:131. Сепак, малкумина зборуваат за вистинските настани на теренот и за перформансите што ги покажаа кошаркарките во текот на натпреварот. Многу поголемо внимание привлекоа дресовите што ги носеа, предводени од најголемата ѕвезда. На нив пишуваше: „Платете ни го тоа што ни го должите“.

Кларк, Аја Вилсон, Бриона Џонсон, Сабина Јонеску, Бријана Стјуарт, Пејџ Бекерс, Скалијар Дигинс, Анџела Рис и другите со тоа испратија јасна порака до НБА и побараа од неа да ги зголеми платите и да имаат поголема заработка, нешто слично на она што го имаат кошаркарите во НБА.

ИЗДВОЕНИ