Платата на македонскиот премиер е 155 000 илјади денари

141

Зборувајќи за Буџетот наменет за судиите и јавните обвинители, премиерот Христијан Мицкоски кажа дека некои претседатели на судови имале плата во висина од 3000 евра и направи споредба со неговата, премиерска плата која изнесувала 155.000 илјади денари односно 2500 евра.

-Се борат од 3000 евра да имаат 5000 евра плата, не сите има и чесни судии и обвинители, неколкумина се, грчевито да седат на фотељата, рече Мицксоки одговарајќи на новинарско прашање за судско-обвинителскиот буџет.

Премиерот рече дека ќе се направи закон за независен буџет за правосудството од околу 0.35% од БДП, но ќе мора да одговараат и даваат отчет во Собранието преку надзорна комисија која ќе се формира за тоа.

-Видовте како заврши поранешното СЈО , а земаа повисоки плати од судиите од земјите на ЕУ, рече Мицкоски

ИЗДВОЕНИ