Азербејџанските власти денес објавија дека уапсиле три лица кои планирале напад врз странска амбасада во главниот град Баку, по инструкции од Исламска држава Хорасан (ИСИС-К), авганистанскиот огранок на Исламска држава.
Според соопштението на Службата за државна безбедност (СДБ), уапсени се азербејџанските државјани Илгар Гулиев (роден во 2000 година, алијас „Абу Зар ал-Мухаџир“), Амин Пириев (роден во 2005 година, алијас „Абдурашид“) и Елвин Ализаде (роден во 2005 година, алијас „Абдурахид“) и Елвин Ализаде (роден во 2005 година, алијас „Абдурахман ал-Азари“), кои „воспоставиле криминални врски со членови на ИСИС-К и набавиле оружје и други предмети врз основа на верска омраза“.
Осомничените се уапсени додека се приближувале кон просториите на неименувана дипломатска мисија, со што се спречил планиран терористички чин.
Тие се обвинети за „подготовка на тероризам“ во група врз основа на верска омраза, во согласност со Кривичниот законик на Република Азербејџан, а судот им наредил притвор, се наведува во соопштението на СДБ.
Исламска држава-Хорасан, или ИСИС-К, ја презеде одговорноста за нападот врз Градската концертна сала Крокус во Москва во 2024 година, во кој загинаа најмалку 145 лица.












