сабота, октомври 3, 2026
Дома СВЕТ Планирал тероростички напад: Копилотот го нападнал пилотот со секира за време на...

Планирал тероростички напад: Копилотот го нападнал пилотот со секира за време на летот

20

Копилотот на летот FZ1073 на „Флајдубаи“ (Flydubai) се обидел да изврши терористички напад за време на летот, соопшти денеска јавниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати.

„Копилотот го нападнал пилотот во пилотската кабина со секира и се обидел да ја преземе контролата врз авионот“, изјавил јавниот обвинител, како што пренесе државната новинска агенција WAM.

Во тек е истрага за утврдување на околностите на инцидентот, мотивот и евентуалните поврзаности, како и за анализа на материјалните и дигиталните докази.

Инцидентот се случи на 30 септември за време на лет на „Флајдубаи“ (Flydubai) од Обединетите Арапски Емирати кон Тел Авив – со 174 лица во авионот, главно израелски државјани – кога копилотот, државјанин на Оман, го нападна и го повреди капетанот, предизвикувајќи авионот нагло да изгуби висина.

Патниците успеаја да влезат во пилотската кабина и да го совладаат копилотот, додека други пилоти кои патуваа како патници помогнаа да се стабилизира леталото и безбедно да се приземји во Саудиска Арабија.

ИЗДВОЕНИ