ПЛАН ЗА КРАТЕЊЕ! Ќе се укинат два државни празници во Франција за да го намалат јавниот долг?

48
EPA/TOM NICHOLSON / POOL MAXPPP OUT

Францускиот премиер Франсоа Баирo би можел да укине два државни празника за да го намали огромниот јавен долг на земјата. Неговиот план е да ги „скрати“ Велигденските понеделници и Денот на победата во Европа, така што тие би станале обични работни денови, пишува „Гардијан“. Баиро вели дека остава можност да избере други празници наместо овие.

Критичарите го нарекуваат планот „директен напад врз Франција“. Ова е дел од радикалните мерки насочени кон намалување на дефицитот на земјата и зајакнување на економијата.

„Целата нација мора да работи понапорно за да ја зголеми активноста на земјата како целина и да ја подобри ситуацијата во Франција. Секој ќе мора да придонесе во тој напор“, порача премиерот Баиро.

Францускиот јавен дефицит изнесува 5,8 проценти од БДП, додека според пропишаните правила на Европската Унија е под три проценти. Други мерки би вклучувале целосно замрзнување на владините трошоци, освен за сервисирање на долгот и одбранбениот сектор, за кои претседателот Емануел Макрон побара зголемување од 3,5 милијарди евра следната година.

Исто така, ќе се ограничат трошоците за социјална помош и ќе се намалат трошоците за здравствена заштита за пет милијарди евра, ќе се задржат пензиите на нивото од 2025 година и ќе се намали бројот на работни места во јавниот сектор.

ИЗДВОЕНИ