Ансамблот на НУ Народен театар-Битола почна со подготовки на претставата „Пламенка” инспирирана од романот на битолскиот автор Петре Димовски, во режија на Софија Ристевска.

„Пламенка“ е претстава за женската отпорност и издржливост, претстава за женскиот подвиг и хероизам. Претставата е приказна за вистински херој, жена борец која ги преживеала сите војни од 1903 до 1945 година, информираа од битолскиот театар.

Во претставата „Пламенка“ ќе настапат актерките и актерите Катерина Аневска, Маја Андоновска Илијевски, Сандра Грибовска,

Викторија Степановска, Марија Стефановска, Вероника Ефтимова, Валентин Дамчевски, Александар Стефановски, Александар Димитровски и Живко Борисовски.

Премиерната изведба е закаажана за 17 октомври, а во меѓувреме, битолскиот театар ќе гостува на театарските сцени во Струмица и тамошниот фестивал „Ристо Шишков“, во Штип на фестивалот „Малиот принц“, во Прилеп на фестивалот „Силјан штркот“ и на Денови на комедијата во Куманово.

ИЗДВОЕНИ