„Плацебо“ на Иван Аџиевски во Центар Јадро 

15

На 12 ноември, во 19 и 30 часот во просторот на КСП Центар – Јадро ќе се отвори изложбата „Плацебо“ на авторот Иван Аџиевски.

На својата шеста самостојна изложба авторот ќе престави уметнички слики изработени од алтернативни медиуми на платно на кои ќе бидат застапени абстрактно насликани форми со минимален медитативен наратив со цел предизвикување на плацебо ефект кај гледачот за негово ослободување од секојдневниот стрес и визиуелизација на една друга реалност и димензија.

Иван Аџиевски роден во Скопје 1985 година, завршува правен факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во 2009 година. Во водите на сликарството влегува во 2018 година со реализација на својата прва самостојна изложба BEAUTY SPOT во галерија Концепт 37 каде беа изложени дела работени во комбинирана техника акрил на платно со престава на женски лик и акт во експесионистички  и кубистички манир.

Изложбата е подржана од Општина Центар – Скопје.

ИЗДВОЕНИ