Младиот Австралиец Оскар Пјастри продолжува да импресионира во Формула 1, а неговата форма оваа сезона веќе пишува историја. Иако на последната трка не славеше, беше втор зад тимскиот колега Ландо Норис, сепак, доаѓа до импресивни бројки оваа сезона. Тој набрзо го престигнува Верстапен и лесно чекори кон уништување на легендарната серија на Луис Хамилтон.

Австралијанецот е моментно водечки во генералниот пласман кај возачите со девет бода пред својот тимски колега Ландо Норис. Но, тоа не е единственото фасцинантно нешто во врска со неговата сезона – Пјастри го забележа и својот 40. последователен пласман меѓу првите десет на трката во Унгарија. Оваа импресивна низа започна уште на Гран-при трката во Лас Вегас во 2023 година и не покажува знаци на забавување. Со четириесетте последователни места кои носат бодови, Пјастри сега е на третото место на листата на најдобри возачи во Формула 1 според тој критериум. Пред него има само два гиганти – Макс Верстапен и Луис Хамилтон.

Хамилтон го држи рекордот од 48 трки по ред во кои освоил бодови, помеѓу Големата награда на Велика Британија во 2018 година и Големата награда на Бахреин во 2020 година. Оваа серија ќе траеше уште шест трки доколку не се појави коронавирусот.

На второто место на листата е Макс Верстапен, кој помеѓу ГН на Емилија Ромања 2022 и ГН на Саудиска Арабија 2024 собра 43 трки на кои беше во бодови.

Пјастри сега е на прагот да ја собори серијата на Верстапен и се приближува до апсолутниот рекорд на Хамилтон.

Доколку Пјастри остане конзистентен во текот на втората половина од сезоната, ќе биде на дофат на импресивниот број на 48 трки на Хамилтон. Во тој случај, тој би можел да го урне рекордот веќе во средината на 2026 година, што би бил восхитувачки подвиг за возач во само неговата трета сезона во Ф1.

Рекордот на Хамилтон долго време се сметаше за речиси недостижен, но Пјастри сега покажува дека ништо не е невозможно.

ИЗДВОЕНИ