Тимскиот колега на Ландо Норис од редовите на Мелкарен, Оскар Пјастри верува дека болидите „не се толку непознати како што можеби се плашевме“.
- Немам впечаток дека Формула 1 го изгубила својот идентитет. Ќе има работи на кои треба да се навикнеме, но повеќето од стравовите што ги имавме пред да излеземе на патеката сега се исчезнати, истакна Пјасти.
На оваа негова изјава се надоврза и Норис.
- Намалената сила на притисок ги намали брзините во кривините, па затоа некои брзи кривини сега ќе бараат повеќе сопирање и прецизност. Многу кривини што претходно беа само со полна гас сега се вистински предизвик. Тоа е добро бидејќи може да донесе повеќе борба, но и различни стратегии, особено со новите гуми, рече Норис.











