Питон долг 8,5 метри проголта маж во Индонезија/ФОТО

354
Foto: Pexels

Земјоделец во Индонезија е пронајден мртов во питон долг 8,5 метри, објавува CNN Indonesia. Ла Ноти, 63, се грижел за животни кога змијата го нападнала во овоштарник во југоисточен Сулавеси во раните утрински часови во петокот. Немајќи оружје да се одбрани, питонот го згмечил, а потоа го проголтал.

Загриженото семејство почнало да го бара следниот ден наутро. Го пронашле неговиот мотоцикл покрај патот, што предизвикало поширока потрага. Подоцна попладнето виделе огромен мрежест питон со надуен стомак како лежи во грмушка на неколку метри од градинарската куќа. Плашејќи се од најлошото, мештаните ја фатиле змијата и ја искинале на парчиња. Медиумите објавија снимки на кои се гледа моментот кога групата го открила телото на Ла Ноти.

ИЗДВОЕНИ