Писториус не е задоволен од Трамп: „Погрешно го проценил своето влијание врз Путин“

28

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, погрешно го проценил своето влијание врз рускиот претседател Владимир Путин, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

„Претпоставувам дека погрешно ја проценил својата преговарачка позиција“, изјави Писториус за германското радио DLF, коментирајќи ја иницијативата на Трамп да го убеди Путин да прифати безусловно 30 дневно примирје во Украина, објави Ројтерс.

Во меѓувреме, Европската Унија работи на следниот пакет санкции против Русија поради војната во Украина.

Писториус наведе дека останува да се види дали САД ќе се приклучат на овие мерки, бидејќи разговорите со Вашингтон продолжуваат преку вообичаените дипломатски канали, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ