Писмото на медицинската сестра ја расплака ќерката на Михајловиќ

209
epa10371388 A coffing of former Serbian soccer player and coach, Sinisa Mihajlovic, at a funeral home at the Capitoline Hill (Campidoglio) in Rome, Italy, 18 December 2022. Sinisa Mihajlovic has died at the age of 53 on 16 December 2022. EPA-EFE/MASSIMO PERCOSSI

Додека навивачите на Болоња го слават освојувањето на Купот на Италија и директниот пласман во Лига Европа, многумина не го забораваат Синиша Михајловиќ – тренерот и човекот кој остави длабока трага во клубот и градот. Неговата ќерка Викторија сподели трогателно писмо што го добила од медицинска сестра од болницата Сант Орсола во Болоња, каде Михајловиќ ги поминал последните месеци од својот живот.

Писмото е потпишано од жена која Викторија ја нарекува само со иницијал Р., а која многу време поминувала со Михајловиќ како ноќна медицинска сестра. „Се надевам дека не ти пречи што ти пишувам, но морав да споделам некои спомени со тебе. Можеби тие ќе те насмеат“, започнува таа. Преку низа лични и досега непознати спомени, открива колку Синиша бил внимателен, директен и човечки, дури и кога бил исцрпен и погоден од болест. Се прашувала како и е, дали јадела, какво е времето надвор – бидејќи, како што вели, тоа најмногу му недостигало.

Една од најнезаборавните сцени што Р. ги опишува е за тоа како дознал дека има леукемија, а на сопругата Аријана и кажал откако добил дијагноза и тоа преку телефон затоа што не знаел да лаже.

Зборуваше за своето семејство, за тоа колку му значело да му биде дедо на малиот Виоланте, за неговата љубов кон Аријана, за битките што ги водел секоја вечер кога му доаѓале мислите, додека во слушалките ја свирел „Combattente“ на Фиорела Мањо.

На неговиот кабинет имаше семејна фотографија, извор на сила кога ќе стане тешко. Р. пишува дека во неговата сопруга видела олицетворение на нежна сила и дека од тоа црпела инспирација за својот живот. „Семејството е најважното нешто што го имаме, а тоа го научивте од Синиша и мајка ти“, заклучува медицинската сестра.

Викторија со објавата рече дека сака да сподели вакви пораки од две причини: да не биде заборавен нејзиниот татко и да им пружи утеха на оние кои се соочуваат со болест во семејството. „Имав среќа што ги имав мајка ми и браќата со мене, знам дека многумина немаат толку среќа. Ако можам, ќе се обидам барем малку да ти ја олеснам болката“, напишала таа.

На крајот уште еднаш им се заблагодарува на Р. и на сите медицински работници кои го утешиле нејзиниот татко, макар тоа било и обичен поздрав. „Ти се заблагодарив и претходно, но никогаш нема да биде доволно“.

 

ИЗДВОЕНИ