Пиротехника пронајдена кај двајца битолчани на натпреварот Вардар – Пелистер, полицијата ги уапси

18

Во саботата околу 20.00 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, за време на одигрување на ракометен натпревар помеѓу екипите на РК „Вардар 1961“ од Скопје и РК „Пелистер“ од Битола, полициски службеници ги лишиле од слобода П.Д.(26) и Д.А.(23), двајцата од Битола, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.

Против двајцата се поднесени поднесоци по Законот за спречување насилството и недостојното однесување на спортските натпревари.

ИЗДВОЕНИ