Романот „Пиреj” излезе од печат во Москва на инициjатива од Олга Панкина, познат популаризатор на македонските културни вредности во Русија. Таа го преведе уште во 2008 година, а го обjави издавачката куќа „Феникс“ од Скопjе. Како што обjаснува Панкина, романот на руски веднаш предизвикал интерес каj публиката, но, сепак, книгата не можела да допре до широк круг рускоjазични читатели. Сметаjќи го романот на основоположникот на современата македонска проза, Петре М. Андреевски, за ремек-дело, таа си постави за задача да го преобjави во Москва.

Оваа година, Центарот за книга „Рудомино“, со коj Олга Панкина плодно соработува веќе 15 години, jа поддржа идеjата. Центарот за книга има обjавено творби на повеќе од 20 македонски автори.

Ова издание на „Пиреj“ е многу квалитетно (368 страници, тврд повез) и изгледа современо. На корицата има фрагмент од сликата „Стара куќа” на Олга Панкина. Предговорот за книгата го напиша Венко Андоновски. За руската читателска публика, тоj даде основни информации за историјата, која е заднината на личната драма на едно македонско семејство од почетокот на ХХ век, семејството на Јон и Велика, jа подвлече актуелноста на романот и го нарече најголем македонски бестселер на сите времиња.

Романот, на почетокот од јуни, беше презентиран на Саемот на книгата на Црвениот плоштад во Москва, на штандот на издавачот Центар за книга „Рудомино“.

ИЗДВОЕНИ