Легендарниот кошаркар на Чикаго Булс, Скоти Пипен, изминативе години најчесто беше поврзуван во лоша конотација, бидејќи неговата поранешна сопруга го напушти и потоа „јавна“ неколку млади кошаркари.

Сега, при посета на Шпанија како амбасадор на Фондацијата Санитас, даде ексклузивно интервју за „Марка“, каде зборуваше за својот однос со Мајкл Џордан, ја спореди денешната и поранешната кошарка и коментираше за големите ѕвезди како Никола Јокиќ и Стеф Кари.

Кога беше прашан за споредба на неговата ера со денешната, Пипен беше јасен.

  • Не мислам дека е можно. Денес е сосема поинаква кошарка. Начинот на кој се промовира, како се суди, и играчите се различни: поголеми, посилни, побрзи, започна Пипен.

Тој нагласи дека кошарката кон крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите била физички понапорна.

  • Денес, не постои нешто како голем фаул. Тимовите играат со различен менталитет. Во последните 15 или 20 години, тие ги променија правилата за да го зголемат бројот на поени. Но, тоа е добро за играта. Играта сега е помалку позиционирана, поотворена и повеќе базирана на шутирање, додаде Пипен.

Пипен верува дека Булс од 1995/96 година, со скор од 72-10, на хартија биле најдобриот тим на сите времиња. Во хипотетички натпревар со Вориорс од 2016 година (73-9), победникот, вели тој, би зависел од правилата.

  • Со правилата од 90-тите, Кари не би бил ист. Игравме физички и ги принудувавме тимовите да постигнат 75-80 поени. Денес, тоа е речиси невозможно, истакна Пипен.

За неговиот однос со Мајкл Џордан, кој отсекогаш бил предмет на интерес, Пипен рече:

  • Никогаш не беше многу блиска врска. Но, кога игравме, имавме одлична хемија. Така е овој бизнис, вели легендата.

Тој додаде дека тоа бил професионален однос и дека денес може да ги изброи на прсти соиграчите со кои останал во контакт. Исто така не е сигурен дали европските ѕвезди како Лука Дончиќ и Никола Јокиќ би можеле да доминираат во неговата ера поради големиот притисок на цел терен.

  • Во 80-тите и 90-тите, ние применувавме притисок на целиот терен. Дали Јокиќ може да се справи со топката под таков притисок? Не знам, изјави Пипен.

ИЗДВОЕНИ