Пијан германски градоначалник предизвика сообраќајна несреќа – удрил во семафор додека возел под дејство на алкохол и лекови

40

Градоначалникот на Баден-Баден во покраината Баден-Виртемберг во југозападна Германија, Дитмар Шпет, предизвикал сообраќајна несреќа додека возел под дејство на алкохол и лекови, објавија денес германските медиуми.

Градоначалникот го удрил автомобилот во семафор додека возел пијан и под дејство на лекови, но никој не е повреден, објави неделникот „Шпигел“.

„Мојот клиент ќе ја преземе целосната одговорност за своето однесување“, изјави адвокатот на Шпет, Герхард Брауер.

Полицијата соопшти дека 62-годишниот возач удрил во тротоарот на островот што го дели патот и удрил во семафор додека свртувал на кружен тек, и потврди дека никој не е повреден.

„Алкотестот, на кој возачот доброволно се согласил, утврдил дека имал околу 1,5 промили алкохол во крвта“, соопшти полицијата.

Државното обвинителство на Баден-Баден сè уште не го коментирало инцидентот и евентуалното поднесување обвиненија против градоначалникот Шпет.

ИЗДВОЕНИ