Пијан 64-годишник од Пробиштип излетал од патот и удрил во дрво, полицијата го приведе

27

Полицијата во Пробиштип синоќа пред полноќ го лишија од слобода М.К.(64) од Пробиштип.

– Во 22.25 часот на ул.„Јоаким Крчовски“ во Пробиштип, тој со патничко возило „пежо“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во дрво. По преземени мерки, извршен увид и извршено алкотестиранње констатирано е дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,78 промили алкохол во крвта, соопштија од МВР.

За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, против М.К. ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

ИЗДВОЕНИ