Петто издание на единствената трка со препреки во Македонија

13

Општина Ѓорче Петров в недела ќе биде домаќин на петтото издание на единствената трка со препреки во Македонија – „ОЦР Кучково 2025“, која ќе се одржи со почеток во 10:00 часот, кај Крстот во селото Кучково.

– На патека од осум километри, со повеќе од 20 екстремни препреки, учесниците ќе ги тестираат својата сила, издржливост и психичка подготвеност: качување по јаже, преминување ѕидови, ползење низ кал, носење товар и многу други предизвици кои остануваат изненадување – информираат од Општина Ѓорче Петров.

Оттаму додаваат дека „ОЦР Кучково“ не е само спортска трка, туку тоа е борба со самиот себе, тимска енергија и момент за паметење!

По завршувањето на трката ќе следува свечена церемонија со доделување награди за најдобрите во категориите мажи, жени и тимови.

Организатор на овој спортски настан е спортското здружение „Отаку“  Скопје, со поддршка од Општина Ѓорче Петров и голем број спонзори и партнери.

Во текот на денешниот ден, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, заедно со вработените од Општината го чистеа и го подготвуваа теренот во Кучково каде ќе се одржи трката.

ИЗДВОЕНИ