Премиерот Мануел Мареро Круз увери на платформата „Икс“ дека Куба има „добро дефинирана стратегија“ за обновување на снабдувањето со струја „што е можно поскоро“.
Од октомври 2024 година оваа островска земај со 8,7 милиони жители претрпе претходно четири големи прекини на електрична енергија, од кои некои траеја по неколку дена.
Во неделата пет од петнаесет покраини на Куба беа без електрична енергија неколку часа.
Покрај големите хотели и некои болници кои имаат генератори, се повеќе семејства и сопственици на приватни претпријатија набавија мали електрични генератори на дизел, но не е лесно да се најде гориво за нив.
Две пловечки електрани изнајмени од една турска компанија и генератори кои ја дополнуваат енергетската мрежа, работат на гориво кое Куба тешко го увезува.
Неодамнешната инсталација на триесет фотоволтаични фарми, поддржани од Кина, од 52 планирани за оваа година, сè уште не ги намали прекините на електричната енергија.
Во текот на летото, кога потрошувачката достигнува врв поради високите температури, прекините на електричната енергија се зголемија. Според властите, овие планирани прекини низ Куба траеле во просек речиси петнаесет часа на ден во август и шеснаесет часа во јули.
Куба е во длабока економска криза веќе пет години, со сериозен недостиг на девизи, застарен систем за електрична енергија кој често се расипува, недостиг на гориво и речиси сите стоки и висока инфлација.
Структурните слабости на нејзината планирана и централизирана економија се влошија од неуспехот на неодамнешната монетарна реформа и заострувањето на ембаргото на САД кое е во сила од 1962 година.