среда, февруари 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Петти Конгрес на ДУИ во Скопје

Петти Конгрес на ДУИ во Скопје

119

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска во Скопје го одржува својот петти конгрес, кој според најавите ќе биде важен за идниот политички и организациски развој на партијата.

Потпретседателот и портпарол на ДУИ, Арбр Адеми, на прес-конференцијата по локалните избори истакна дека на конгресот ќе се реорганизираат партиските структури и ќе се обноват клучните тела.

По седницата на Советот на ДУИ минатиот месец, партијата нагласи дека конгресот ќе биде значаен за дефинирање на понатамошниот политички, организациски и програмски правец.

„Конгресот претставува клучен процес за јасна политичка визија, зајакнување на внатрепартиските демократски механизми и подготовка на структурите за новите предизвици“, стои во соопштението на партијата.

Фото:П.Стојановски

ИЗДВОЕНИ