Петти ден штрајк со глад: Се влошува здравствената состојбата на Дијана Хрка, но ќе ја продолжи борбата!

471
EPA/ANDREJ CUKIC

Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој почина при уривањето на натстрешницата на железничката станица во Нови сад, продолжува со штрајкот со глад петти ден – и кај неа веќе се забележува исцрпеност.

„Се чувствувам слабо, имунитетот ми паѓа, но сè ќе биде во ред… Им се извинувам на сите што не можам да ги прегрнам и бакнам додека сето ова не заврши, но имунитетот ќе ми се опорави и сè ќе биде одлично… Навистина им се извинувам на сите, немојте да мислите дека не сакам да прегрнам некого, сакам, тоа многу ми значи“, рече таа.

Вчера во Белград се одржаа два собири – едниот беше составен од граѓани и студенти кои ја поддржуваат Хрка, а другиот беше во Ќациленд. По говорот на претставниците на СНС, тие брзо се разотидоа, а во текот на ноќта имаше апсења на студенти и активисти.

Активистите на СНС беа донесени во Белград со автобуси во текот на денот. На собирот се обратија Ана Брнабиќ, Милош Павловиќ и Милош Вучевиќ. Откако ги завршија своите говори, активистите на СНС брзо почнаа да се разотидуваат – околу 21 часот.

Додека Дијана Хрка штрајкува со глад, од Ќациланд доаѓа музика, чија цел се чини дека е да ја провоцира мајката која повеќе од една година бара правда за смртта на нејзиниот починат син.

Министерството за внатрешни работи процени дека имало 47.500 луѓе на неколкуте стотици квадратни метри блокирана површина околу Парламентот, а дека на протестот во поддршка на Хрка имало малку повеќе од 2.000.

ИЗДВОЕНИ