Петстотини шеесет и осум пензионери добија по 2.500 денари

2023

Денеска, 568 пензионери од Општина Гази Баба добија по 2.500 денари финансиска помош на своите сметки. Станува збор за пензионери со ниски пензии што се пријавија на јавниот повик на Општината.

– Пред само неколку дена, им беа исплатени средства на 510 пензионери, а со последнава исплата, вкупниот број изнесува 1.078 пензионери што добиле поддршка од Општината. Комисијата продолжува со работа и во следните денови ќе има нова исплата за наредната група пензионери. Помошта ќе продолжи сè до исплаќањето на сите 2.700 пријавени пензионери – информираа од Општина Гази Баба.

Оттаму велат дека ова не е првпат да им даваат поддршка на пензионерите со ниски примања. Во време на енергетската криза, беше обезбедена финансиска помош за трошоците за електрична енергија.

ИЗДВОЕНИ