Петр Павел: Привремената окупација на дел од територијата на Украина е прифатлива цена за опстанок

162

Чешкиот претседател Петр Павел денес изјави дека привремената окупација на дел од територијата на Украина е прифатлива цена за нејзиниот опстанок и рече дека Чешка и другите сојузници на Украина никогаш нема правно да ги признаат окупираните територии како дел од Русија.

Привремената окупација на дел од територијата може да биде цената за опстанокот на Украина како суверена држава, изјави чешкиот претседател во интервју за Би-Би-Си.

„Сакаме Украина да преживее како независна и суверена држава. Ако цената за нејзиниот опстанок е тој дел од територијата да биде привремено окупиран, тогаш тоа е прифатлива цена. Никогаш нема правно да ги признаеме овие окупирани територии како дел од Русија“, рече чешкиот претседател.

ИЗДВОЕНИ