петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ Петр Павел: Како во бајката, сите се двоумиме да му кажеме на...

Петр Павел: Како во бајката, сите се двоумиме да му кажеме на Трамп дека царот е гол

289
EPA/Albert Zawada POLAND OUT

Чешкиот претседател Петр Павел предупреди дека на САД, како сојузник, треба да им се каже дека е погрешно колективно да се казнува цела нација и да се заканува на Иран дека ќе ги врати во камено доба.

Тој рече дека има впечаток дека сојузниците создаваат атмосфера како во бајката „Новата облека на царот“ и се двоумат дали да кажат дека „царот е гол“.

„Да кажете некоја критика за претседателот Доналд Трамп? Тука газиме по исклучително тенок мраз. Имам чувство дека создаваме атмосфера од бајката „Новата облека на царот“. Сите се двоумиме дали да му кажеме на царот дека е гол. И тоа од многу причини“, рече чешкиот претседател во дебата со студенти на Универзитетот Мендел во Брно.

Павел рече дека верува оти на сојузникот на САД треба да му се каже дека е погрешно колективно да се казнува цела нација и да се заканува дека ќе ја врати во камено доба, како што се закани американскиот претседател Доналд Трамп во последните денови.

„САД не се она што Трамп го кажува и прави. Секако не сето тоа. САД сигурно заслужуваат да не се откажеме од нашиот сојуз со нив“, рече Павел, додавајќи дека западните сојузници сигурно ќе продолжат да си бидат потребни едни на други.

Чешкиот претседател го означи иранскиот режим како концентрирано зло не само за регионот, туку и за целиот свет.

„На крајот на краиштата, ова го гледаме преку поддршката што Иран ѝ ја даде на Русија против Украина. Од друга страна, не може да биде така што сите Иранци треба да бидат казнети затоа што имаат таков режим“, рече Павел.

ИЗДВОЕНИ