Петмина осомничени беа уапсени синоќа во врска со грабежот во музејот Лувр во Париз, што резултираше со кражба на неколку парчиња накит од колекцијата на Наполеон, изјави денес париската обвинителка Лор Беко. Главниот осомничен, „мозокот зад операцијата“, наводно е меѓу уапсените, објави АФП.
Беко изјави за телевизијата БФМ дека еден од петте уапсени мажи „навистина бил една од целите на истражителите“.
Осомничените се приведени од регионот на француската престолнина, неколку дена откако две лица беа приведени во текот на викендот во врска со спектакуларната кражба што беше изведена на 19 октомври.
Двајцата претходно приведени осомничени, на 34 и 39-годишна возраст, дадоа делумни признанија, изјави вчера обвинителката, пренесе ДПА.
Во моментов сè уште нема трага од украдениот накит, чија вредност се проценува на 88 милиони евра.
Уапсените за грабежот во Лувр делумно ја признале вината: НАКИТОТ НЕ Е ПРОНАЈДЕН!












