Петмина мажи планирале напад на божиќен пазар? Полицијата се сомнева на исламистички мотиви

90

Петмина мажи се приведени под сомнение дека планирале напад на божиќен пазар во јужна Германија, соопшти во саботата канцеларијата на јавниот обвинител во Минхен.

За четворица мажи се издадени официјални налози за апсење, додека еден е ставен во превентивен притвор под сомнение за учество во планирање напад на божиќен пазар во областа Динголфинг во јужната покраина Баварија, соопшти обвинителството.

Обвинителите моментално се сомневаат во исламистички мотив за нападот, кој, според сите извештаи, требало да биде извршен со возило. Јавното обвинителство во саботата навечер ја нагласи презумпцијата на невиност.

Се верува дека мажите биле приведени во петокот, а потоа биле изведени пред истражен судија во саботата. Според канцеларијата на јавниот обвинител, станува збор за 56-годишен Египќанец, 37-годишен Сириец и тројца Мароканци на возраст од 22, 28 и 30 години.

Прелиминарната истрага покажува дека Египќанецот повикал на нападот во џамијата во областа Динголфинг-Ландау „со цел да убие или повреди што е можно повеќе луѓе“, соопшти канцеларијата на државниот обвинител.

Властите го третираат ова како обид за поттикнување на убиство. Тројцата Мароканци наводно биле подготвени да го извршат нападот и се обвинети дека изразиле подготвеност да извршат убиство, додека Сириецот се тврди дека ги поттикнал да го сторат тоа. Сè уште не е познато кога требало да биде извршен нападот или колку специфични биле подготовките.

ИЗДВОЕНИ