сабота, јануари 24, 2026
Дома СКОПСКА Петардите не се играчка, туку опасни средства

Петардите не се играчка, туку опасни средства

30

Министерството за внатрешни работи ги повика граѓаните за време на новогодишните празници максимално да се воздржат од употребата на пиротехнички средства.

– Петардите не се играчка, нивното користење е строго забрането, а празничното пукање со петарди може да биде исклучително опасно по животот и по здравјето, оставајќи екстремно тешки последици што можат да запечатат нечиј живот – нагласуваат од МВР.

Од министерството нагласуваат дека нивните активности во борбата против пиротехниката се континуирани, но ќе бидат со засилена динамика пред и за време на празниците, имајќи го предвид, како што велат, сезонскиот предзнак на пиротехниката, со цел да се зголеми свесноста кај младите, но и кај нивните родители, укажувајќи дека петардите не се играчка, туку опасни средства што можат да нанесат ненадоместливи и трајни последици по здравјето на младите.

 

ИЗДВОЕНИ