Силна експлозија ги вознемири жителите на Загреб синоќа, околу 23 часот, кога била примена пријавата. Инцидентот се случил на игралиштето на Основното училиште „Јулиј Кловиќ“ и за среќа нема повредени.
„Стануваше збор за пиротехничка направа прикачена на канистер. Додека пристигнавме, канистерот гореше, кој го изгаснавме. Едно противпожарно возило учествуваше во интервенцијата“, рече командантот на Јавната противпожарна служба на Град Загреб, Синиша Јембрих.
Експлозијата се случи во загрепскиот Трешњевац, каде што, засега, непознато лице поставило моќна пиротехничка направа.
„Имаше две експлозии. Првата експлозија ме разбуди, беше толку силна што прво помислив дека се руши зградата на Вјесник, која не е далеку од нас. Ја слушнавме и ја видовме втората. Се крена огнена печурка, а нашите прозорци се тресеа од тоа колку беше силна“, изјави за Dnevnik.hr жител на Нова Честа.












