Петар Богојески заминува од директорското место во Националната агенција за европски образовни програми

119

Петар Богојески заминува од директорската позиција во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност откако за тоа постигна договор со премиерот и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Во објавата на неговиот профил на Фејсбук Богојевски наведе дека вчера остварил средба со Мицкоски согласно на одлуката на Претседателството на неговата партија Македонски концепт.

-Договорена е прераспределба на позиции и институции кои ќе ги раководи Македонски Концепт во рамки на извршната власт, со што потврдено е дека претседателот на Македонски Концепт д-р Петар Богојески ќе раководи со друга институција.

Богојевски беше именуван на директорска функција во Националната агенција пред два ипол месеци, а што предизвика реакции во јавноста, посебно во редовите на опозицијата. По неговото назначување, Европската комисија рече дека ќе бара објаснување од министерката за образование Весна Јаневска за именувањето на Богојески, бидејќи во јавноста имаше реакции за неговите ставови искажани низ социјалните мрежи.

Инаку, на средбата Богојески и Мицкоски ја потврдија добрата соработката во рамки на Коалицијата “Твоја Македонија” и дадоа позитивна оценка за досегашното функционирање на Владата.

-Македонски Концепт ги достави своите сугестии за програмските приоритети на Владата за наредната година, за што јавноста – се наведува во соопштението. (Б.Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ