Пет загинати во сообраќајна несреќа во Словенија, сите се странски државјани

138
Фото: Promet.si

Автопатот Марибор – Љубљана е целосно затворен во правец кон Љубљана, пред одморалиштето Тепање, поради тешка сообраќајна несреќа во која загинаа пет лица, а едно лице е повредено. Сите се странски државјани. Според првичните полициски информации, возачот на комбето удрил во камион кој стоел во конвој, пренесува 24ur.com.

Поради несреќата, сообраќаен метеж е создаден и во правец на Марибор, затворени се и лентите за возење и лентите за престигнување.

Полициската управа (ПУ) во Целје била известена кратко пред 10:30 часот дека се случила тешка сообраќајна несреќа на автопатот, во близина на излезот Словенска Коњица во правец на Љубљана.

ИЗДВОЕНИ