петок, јануари 30, 2026
Дома БАЛКАН Пет тони дрога отстранети од улица: Историска заплена на марихуана во Србија

Пет тони дрога отстранети од улица: Историска заплена на марихуана во Србија

48
screenshot MUP Srbija

Српската криминалистичка полиција во четвртокот заплени околу пет тони марихуана во близина на Крушевац, што е рекордна заплена на дрога во Србија, а нејзината вредност на нелегалниот пазар се проценува на седум до 10 милиони евра, објави српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

Дачиќ нагласи дека „најзначајниот резултат“ од оваа операција е тоа што овие пет тони дрога биле „отстранети од улиците“, проценувајќи дека „покрај европскиот пазар“, запленетата марихуана „најверојатно била наменета за домашниот пазар“.

Во акцијата беа запленети и четири автоматски пушки и еден рачен фрлач – „зоља“, а Н. С. (39) и Р. С. (67) беа уапсени, додека уште едно лице се бара за истото кривично дело – неовластено производство и продажба на дрога и неовластено поседување и складирање на оружје и експлозиви.

Како споредба за тоа колку е голема заплената, Дачиќ наведе дека во текот на целата 2001 година е запленето нешто повеќе од еден тон наркотици, а минатата година, што според статистиката беше добра, вкупно шест тони.

„Полицијата ќе продолжи со истрагата од каде доаѓа дрогата, најверојатно од јужните соседи, но тоа е прашање за понатамошна истрага и меѓународна полициска соработка“, рече Дачиќ.

Осомничените се приведени од полицијата и ќе бидат изведени со кривични пријави пред обвинителот.

ИЗДВОЕНИ