недела, јануари 18, 2026
Дома СВЕТ Пет тинејџери уапсени во Чешка откако биле регрутирани од Исламска држава преку...

Пет тинејџери уапсени во Чешка откако биле регрутирани од Исламска држава преку интернет

73

Чешките власти приведоа пет тинејџери кои биле регрутирани преку интернет од страна на Исламска држава, а двајца од нив се обвинети за злосторства поврзани со тероризам поради обид за палење синагога, соопштија денес чешките власти.

Чешкиот оддел за борба против тероризам, екстремизам и киберкриминал соопшти дека повеќето од приведените биле под 18 години и биле приведени помеѓу февруари и јуни како резултат на меѓународна истрага што започна минатата година, објави АП.

Некои од уапсените се дури и помлади од 15 години, објави Радио Прага.

ИЗДВОЕНИ