Пет претставки од граѓани до ФЗО за кардиолошките случаи

23

Стручната комисија за кардиохиругија работи на случаите, а во неа се вклучени и двајца претставници од Фондот за здравстено осигурување (ФЗО). До ФЗО се доставени пет претставки од граѓани и сите се проследени до Стручната комисија. Првиот состанок на министерот за здравство со странските експерти кои треба да ја извршат крајната ревизија се очекува да биде онлајн, а потоа тие ќе пристигнат и во земјава.

-Моментално Комисијата работи, следниот состанок можеби ќе има резултати за првите анализи, а понатаму очекуваме да пристигнат и други материјали кои исто ќе се разгледуват и потоа ревизија ќе прават странски експерти кои ги очекуваме. Очекуваме да се потшише договорт за да дојдат во најскро време. Административна е работата зашто е време на избори, но најдовме наичн да се потпише договорот. Првиот состанок на министерот ќе биде онлајн, а вториот ќе дојдат тука да направт ревизија, изјави заменик-министерот за здравство Јовица Андовски – одговорајќи на новинарски прашања по денешниот настан по повод Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата.

Според Директорот на Фондот за здравстено осигурување, ФЗО е вклучен во работата на Стручната комисија на Министерството за здарвство со два свои претставника.

-Фондот последните денови административно ги провери случаите, бидејќи беа доставени коронарографии кои моравме да ги поврземе со досиеја и пациенти. Кај нас има пет претставки од граѓани, сите се проследени до Стручната комисија. Министерот кажа дека побарал Лекарската комора да направи контроли во сите јавни и приватни здравствени установи, очекувам како стигнуваат материјалите, да се сумираат сите заедно и да се издвојат само проблематичните случаи кои би се дале на суперзвизија на странските доктори за да имаме неутрален и објективен поглед на работите – истакна Клековски.

ИЗДВОЕНИ