Пет лица се повредени во пад на хеликоптер во Калифорнија – остатоците од леталото завршиле во палмите околу блискиот хотел/видео

41
Фото:принтскрин

Пет лица се повредени и итно префрлени во болници откако хеликоптер се урна во Хантингтон Бич, Калифорнија, во саботата, објавија денес американските медиуми.

Хеликоптерот се урна во саботата околу 14:00 часот по локално време на паркинг во близина на плажата Твин Долфинс Драјв, објави „Еј-би-си“.

Видеата објавени на социјалните мрежи од очевидци ги покажуваат остатоците од хеликоптерот во палмите околу блискиот хотел.

ИЗДВОЕНИ