Пет лица повредени во авионот на „Ер Франс“ на летот за Корзика поради силни турбуленции

21

Поради силни турбуленции на летот на „Ер Франс“ помеѓу Париз и Ајачо на Корзика, повредени се пет лица, меѓу кои и тројца членови на екипажот, пренесе денес телевизијата BFM.

Ербасот А320 со 143 патници вчера се најде во зона на грмотевици на голема надморска височина, што радарот на авионот претходно не го регистрирал, каде што наишол на силни турбуленции, а инцидентот се случил додека екипажот проверувал безбедносни појаси.

Кога пристигнале на пистата на аеродромот Ајачо, пилотите побарале помош од екипите за итна медицинска помош кои биле присутни штом авионот пристигнал на паркингот и брзо им помогнале на повредените, потврдува оперативната служба на аеродромот Ајачо.

Повредените биле примени во градската болница, каде што е евидентирано дека претрпеле „трауми на долните и горните екстремитети и ‘рбетот“, а двајца од повредените биле изнесени од авионот на носилки.

ИЗДВОЕНИ