Песков: Нема ништо поважно од процесот на решавање на украинскиот конфликт

0
epa11960914 Kremlin spokesman Dmitry Peskov attends a meeting of Russian President Vladimir Putin and Belarusian President Alexander Lukashenko (both not pictured) at the Kremlin in Moscow, Russia, 13 March 2025. Lukashenko is on an official visit to Moscow. EPA/MAXIM SHEMETOV/POOL

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес изјави дека во моментов се вложуваат сериозни напори за постигнување мирно решавање на ситуацијата во Украина, нагласувајќи дека нема ништо поважно од тоа.

Во интервју за телевизискиот канал „Русија 1“, тој повика да не се претерува со „деструктивното значење“ на протекувањето во медиумите на наводни транскрипти од разговорите меѓу помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков и специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф.

Портпаролот на Кремљ нагласи дека оние кои сега се обидуваат да го отстранат Виткоф по објавувањето на транскриптите од неговите разговори „имаат за цел да го спречат скромниот напредок кон решение во Украина“.

„Прво на сите, таму нема ништо особено страшно… Веројатно, гласовите што сега се појавуваат – „отпуштете го Виткоф“ – првенствено се насочени кон поткопување на скромниот напредок кон постигнување решение преку мирни преговори“, изјави Песков за новинарот Павел Зарубин, пренесува „РИА Новости“.

Според него, американскиот претседател Доналд Трамп индиректно застанал во одбрана на својот специјален пратеник откако медиумите пишувале за транскриптите од неговиот наводен разговор со Ушаков.

Претходно, „Блумберг“ објави наводни транскрипти од телефонски разговори меѓу Ушаков и пратеникот на американскиот претседател Стив Виткоф за можноста за заедничка работа на предложен мировен план за завршување на војната во Украина, кој би личел на мировниот план од 20 точки за Газа, со предлог рускиот претседател Владимир Путин да покрене таква иницијатива во разговор со Трамп.

Според „Блумберг“, во разговор на 14 октомври, Виткоф го советувал Ушаков да организира телефонски повик меѓу Трамп и Путин пред посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон, користејќи го договорот за Газа како пример.

ИЗДВОЕНИ