Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денес изјави дека Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија.
„Москва отсекогаш ја разбирала опасноста дека Европа се подготвува за војна со Русија и сите безбедносни мерки се преземени однапред“, рече Песков во интервју за весникот „Лајф“, пренесува РИА Новости.
Тој истакна дека зголемувањето на воените буџети на европските земји води кон преоптоварување на нивните економии.












