
Русија не може да биде принудена на преговори за завршување на војната со Украина со санкции од ЕУ, бидејќи само логиката и разумните аргументи можат да ја доведат на преговарачка маса, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Невозможно е да се принуди Русија со каков било притисок или насилство – изјави Песков за руската државна телевизија.
Тој изрази увереност дека новиот пакет санкции што го подготвува ЕУ на крајот ќе биде усвоен и покрај противењето на Словачка.
Песков нагласи дека колку се построги казнените мерки, толку посилна ќе биде реакцијата на Москва и дека санкциите се меч со две острици.