Песков: „Камчатка беше подготвена за земјотресот, затоа нема жртви“

462
EPA-EFE/ALEXANDER ZEMLIANICHENKO / POOL

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денес оцени дека земјотресот во Камчатка го покажал високото ниво на подготвеност на регионот за природни катастрофи.

„Сите системи за предупредување од цунами функционираа правилно, евакуацијата беше организирана брзо, а докажана беше и сеизмичката отпорност на зградите. Затоа, фала му на Бога, нема жртви“, рече Песков, според „Ведомости“.

Тој изјави дека технолошката подготвеност е на високо ниво и дека превентивните мерки „ја докажале својата вредност“.

ИЗДВОЕНИ