Средбата меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин сигурно ќе се одржи, Вашингтон разбира дека решавањето на конфликтот во Украина ќе биде долг процес, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Претседателот Путин постојано зборуваше за својата желба што поскоро да го доведе решавањето на украинскиот конфликт на мирен пат“, потсети Песков.
Тој исто така наведува дека ова ќе биде долг и сложен процес, но дека дури и во Вашингтон го разбираат сè повеќе.
Кога станува збор за потенцијална средба меѓу двајцата претседатели, Песков рече дека таа е неопходна и дефинитивно ќе се случи.
– Можеби ќе биде потребно да се утврдат некои големи договори, кои ќе бидат постигнати со текот на времето, откако ќе се заврши огромна работа – рече Песков.
Сепак, тој додава дека сè уште не е дојдено времето за тоа.
„Сите се веќе навикнати на неговата жестока и директна реторика“, рече Песков, осврнувајќи се на неодамнешните изјави на Трамп, вклучително и за Путин.
Во исто време, како што истакнува, Трамп ја потврдува својата намера да продолжи да прави сè што е во негова моќ за да придонесе за мирно решавање на украинскиот конфликт.
Според него, приоритет на Русија е да ги постигне своите цели и е подготвена да дејствува брзо.
– Нашите цели се јасни и очигледни, тие не се менуваат, но процесот не зависи само од нас – порача Песков.