Поранешниот селектор на српската кошаркарска репрезентација, Светислав Пешиќ, првпат проговори откако ја напушти клупата на „орлите“. Тој беше заменет од многу помладиот стручњак, Душан Алимпијевиќ, и прво ги негираше разните приказни што кружеа по Евробаскетот.
Потоа објасни со какви проблеми се соочил во текот на натпреварувањето во Рига. Сè започна одлично, но по повредата на Богдан Богдановиќ, бродот полека почна да тоне.
- Загревачките натпревари беа одлични, исто како на почетокот од Европското првенство. Потоа дојде натпреварот со Португалија, на кој се повреди Богдановиќ, еден од најважните играчи. Неговата повреда ги зголеми одговорноста и мотивацијата во тимот во поинаква смисла, така што другите играчи почувствуваа потреба да преземат поголема одговорност. И го одигравме натпреварот против Летонија фантастично. Тој натпревар ни ја зголеми самодовербата. Бев задоволен, бидејќи не морав да им кажувам на играчите дека го загубивме Богдан и дека треба да преземат поголема одговорност. Беше јасно дека го чувствуваа тоа. Но, потоа дојде Турција. И во петтата или шестата минута, Аврамовиќ се повреди. И тој е еден од нашите најважни играч. Тој е движечката сила зад целата наша одбрана. Ние живееме од одбраната. Секако, го имаме најдобриот играч на светот, но и Јокиќ живее од сите други. Потоа, на тој натпревар, се повреди Вукчевиќ. Секако, тој не е најважниот играч, но ротацијата ни беше намалена. Потоа и Гудуриќ се повреди. Еден тренинг може, друг не може – започна Пешиќ во интервју за „Недељник“.
Потоа Пешиќ се соочил со отсуството на кошаркарите што биле заразени со вирус.
- Дојдов на појадок, Јокиќ го немаше. Ни Никола Јовиќ го немаше. Каде се? Професор доктор Гага Радовановиќ ми кажа дека се болни. Па тоа беа нашите проблеми со кои се справувавме. Изгледа дека имаше некаков вирус. Претходниот ден, во хотелот се отвори вратата од лифтот, а во него беше летонскиот тренер Банки. Тој ми рече: „Некаков вирус нè фати“. Ден потоа, двајца од нашите играчи не можеа да станат од кревет. Неколкумина членови на медицинскиот тим и менаџментот, исто така. Болните играчи не одеа на тренинг, им даваа интравенски инјекции три пати на ден, им беше носена храна во собите. Утрото пред натпреварот, рекоа дека им поминала температурата. Никола Јовиќ рече: „Добро сум, ќе играм“. Јокиќ, дури и да има болки, никогаш нема да каже го каже тоа. Тоа е тип на човек што може да издржи сè – раскажа Пешиќ.