Пешиќ јасен: Јас оставка никогаш не давам!

684
EPA/TOMS KALNINS

Српската кошаркарска репрезентација денес пристигна во Белград откако беше елиминирана од Финска во осминафиналето на Европското првенство во Рига. Во саботата „Орлите“ го завршија учеството на Евробаскетот со пораз од финската репрезентација со резултат од 92:86.

На аеродромот, се обрати селекторот на Србија, Светислав Пешиќ, пред медиумите, кој започна со сумирање на своите впечатоци од турнирот во Летонија.

„Имаше апсолутна посветеност и концентрација на ЕП. Во наредните денови ќе седнеме со одговорните во Сојузот и ќе анализираме, па да видиме во која насока одиме понатаму кога станува збор за репрезентативната програма“, вели Пешиќ.

А, што се однесува до евентуалната оставка, селекторот на Србија смета дека тоа не е опција за него…

„Никогаш не поднесувам оставка. Зошто да поднесам оставка? Дојдов тука да го направам она што го направив и го направив, кога никој не сакаше, го прифатив. И еве по Олимписките игри, никој не сакаше, го прифатив затоа што чувствував одговорност кон играчите. Имаме таков договор до крајот на септември. Ќе седнеме, ќе разговараме, секогаш сум тука, достапен сум за секаков вид помош. Оставки… Ова не е фудбал, ова е кошарка, оставки не се даваат“, објаснува Кари.

Србија сега се соочува со првото коло од квалификациите за Светското првенство, кое ќе се одржи во Катар во 2027 година.

ИЗДВОЕНИ