Пешачка и велосипедска патека ќе се градат на локациите  Абланица – Беровско Езеро и регионален пат до Беровското Езеро. Заради безбеден пристап, предвидено е изведување армиранобетонски скали. – Со овој проект, регионот, кој е веќе препознатлива туристичка дестинација со разновидна понуда, добива дополнителни содржини, кои ќе придонесат за збогатување на туристичката понуда и за подобрување на условите за рекреација и за активен туризам – информираат од Општина Берово

 

Во рамките на проектот „Збогатување на туристичката понуда во Источно-планскиот Регион“, започна реализацијата на нова инфраструктурна инвестиција во Берово, за унапредување на туризмот.

Проектот опфаќа изградба на пешачка и на велосипедска патека на две локации: Абланица – Беровско Езеро и регионален пат до Беровското Езеро.

Заради безбеден пристап, предвидено е изведување армиранобетонски скали.

– Со овој проект, регионот, кој е веќе препознатлива туристичка дестинација со разновидна понуда, добива дополнителни содржини, кои ќе придонесат за збогатување на туристичката понуда и за подобрување на условите за рекреација и за активен туризам – информираат од Општина Берово.

Целокупната постапка ја спроведува Центарот за развој на Источно-планскиот Регион, поддржана од Министерството за локална самоуправа и од Бирото за регионален развој на планските региони за 2024, со индикативно планирани средства во 2025 година.

– Со овој проект, регионот се позиционира како уште поатрактивна дестинација за љубителите на природата и на активниот туризам – нагласуваат од локалната самоуправа.

 

ИЗДВОЕНИ